Кошаркарите на новиот прволигаш Блокотехна направија изненадување откако вечерва во последниот натпревар од 4.коло од Првата лига го победија шампионот МЗТ Скопје Аеродром на негов терен со 85:77 (23:13; 23:20; 21:24 и 18:20). Во текот на целиот натпревар гостите од Гевгелија имаа водство.
Екипата на МЗТ Скопје на овој дуел настапи без повередените Јордан Минчев и Брет Бејли, но во тимот беа репрезентативецот Марко Симоновски и новото засилување Радослав Спасојевиќ.
Најефикасен на дуелот беше Данило Мијатовиќ од Блокотехна со 21 поен, а вкупно пет играчи на оваа екипа имаа двоцифрен број поени. Кај МЗТ Скопје Симоновски постигна 19 поени.
Резултати на другите дуели од оваа рунда: Работнички – Пелистер 105:49, Гостивар – Шкупи 94:78, Охрид – Кожув 86:74, Карпош Соколи – Фени Индустри 103:109 (продолжение) и Струмица – Куманово 66:90.
Табела: Блокотехна 8 бодови, Работнички 8, Гостивар 8, Карпош Соколи 7, Куманово 6, Охрид 6, Фени Индустри 6, МЗТ Скопје А. 6, Пелистер 5, Струмица 4, Шкупи 4, Кожув 4.