Новицки со нов рекорд во НБА

Од:

Легендата Дирк Новицки продолжува да крши рекорди во својата 21 сезона како дел од НБА. За време на поразот на неговиот Далас Маверикс како гостин на Вашингтон Визардс со 123:132, германската суперѕвезда го запиша својот натпревар бр.1504 во „лигата на вонземјаните“.

На овој начин тој се израмни на третото место на вечната листа по натпревари во регуларната сезона со Џон Стоктон. Пред него се само Роберт Периш со 1.611 и Карим Абдул-Џабар со 1.560.

Новицки постигна 2 поени и 2 скока за 12 минути на паркетот, а над сите за Далас уште еднаш беше Лука Дончиќ со 31 поени и 11 скока. Маверикс, сепак, се чини дека се далеку од плејофот.

Сето ова се случи во иста вечер, во која бевме сведоци на уште едно големо достигнување. Леброн Џејмс го надмина Мајкл Џордан како број 4 на вечната листа на стрелци.

Би можело да ве интересира

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он

Тренерот на Минесота опериран – незивесно дали го пропушта стартот на серијата против Денвер

Предраг Петровиќ

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски