Поранешниот македонски репрезентатуивец Николче Новески е прогласен за најдобар играч во тимот на Мајнц за изминатава сезона. Оваа престижна награда, Новески ја доби во анкетата на весникот „Алгемајне Цајтунг“.
Новески цели 11 сезони беше дел од германскиот бундеслигаш, а пред помалку од еден месец се прости од тимот каде ќе биде запаметен како една од легендите.
Македонецот кој ја носеше и капитенската лента, во анкетата доби 35,7 отсто од гласовите и заврши пред Јоханес Габс (24%) и Лорис Кариус со 10 отсто од гласовите.
Новески кој има 36 години, за Мајнц одигра преку 300 мечеви во првенството и даде 12 погодоци. Во периодот од 2004 до 2013 година, ги бранеше боите и на репрезентацијата на Македонија, одигрувајќи 64 натпревари.