Нова пол-позиција за Луис Хамилтон

Од:

Британецот, Луис Хамилтон, и по вторпат сезонава ја освои пол-позицијата. Тој беше најбрз во квалификациите на патеката во Шангај и утрешната трка за Големата награда на Кина ќе ја започне од првото стартно место.

Возачот на Мерцедес оствари време од 1.31.678 минута, оставајќи го зад себе пилотот на Ферари, Себастијан Фетел (1.31.864 мин.).

И во вториот стартен ред на кинеското Гранд-при ќе бидат болидите на овие два тима и тоа редоследно Валтери Ботас (Мерцедес), пред Кими Раиконен (Ферари).

Трката во Шанга е втора во календарот на формула 1 шампионато, по австралиското Гранд-при на кое победи Фетел пред Хамилтон и Ботас.

Стартот на трката во Шангај утре со почеток во 9 часот по македонско време.

Би можело да ве интересира

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин