Нова операција за Дерик Роуз

Од:

Најкорисниот играч во НБА лигата во 2011 година Дерик Роуз од Чикаго Булс ќе мора да замине на уште една операција. Повторно проблем за играчот е десното колено и сега е неизвесно како новиот хируршки зафат ќе влијае на неговата кариера.

По болките во коленото и направената магнетна резонанса е потврдено дека станува збор за скинат среден менискус. Минатиот месец Роуз имаше неколку добри натпревари и се очекуваше негово вистинско враќање на теренот имаше просек од 22,6 поени по натпревар на последните 14 натпревари пред „Ол старот“.

Инаку, оваа сезона Роуз одигра 46 натпревари има просек од 18,4 поени и 5 асистенции.

Повредата на бекот може да биде сериозен проблем за екипата во пресрет на дуелите за борба за плеј-офот и во самото разигрување, доколку се пласира тимот на Чикаго.

Откако ја освои МВП наградата Роуз постојано има проблем со повредите, а во сезоната 2011/12 по одиграни 39 натпревари ги скина лигаментите на коленото во првиот плеј-оф дуел со Филаделфија, потоа ја пропушти целата следна сезона, а ланската малку беше на теренот поради уште една операција на коленото.

Би можело да ве интересира

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он

Тренерот на Минесота опериран – незивесно дали го пропушта стартот на серијата против Денвер

Предраг Петровиќ

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски