Нова и несекојдневна атлетска трка „HalkEco хронометар 10 км!“

Од:

Во организација на Сојузот на спортови на Скопје и Атлетскиот клуб Работнички, на 13 јуни ќе организираат иновативна атлетска трка на 10 км, „HalkEco хронометар“.

– Оваа трка ќе биде поразлична од сите други досега поради тоа што има посебни правила и протоколи според препораките од Владата и Комисијата за заразни болести, коишто ќе треба да бидат почитувани од сите учесници. Трката е наречена по хронометар, точно мерење на времето на одредена должина на зададена патека, но со посебен старт на секој натпреварувач, како во велосипедизмот. Новитет е тоа што натпреварувачот при пријавувањето сам го бира времето за старт од 6:30 до 9:30 часот, при што временскиот интервал на старт помеѓу секој натпреварувач е 30 секунди, со цел да се даде доволно растојание помеѓу тркачите, објави организаторите.

Почетокот на трката на 13 јуни ќе биде на кејот на Вардар, под мостот Гоце Делчев, од каде што тркачите ќе трчаат во правец на Карпош 4 и назад кон стартната позиција.

Трката има ограничен број учесници – 360, а пријавувањето кое е во тек ќе трае до пополнувањето на максималниот број  учесници. Секој којшто е заинтересиран да биде дел од новата атлетска трка „HalkEco хронометар 10 км“ може да се пријави само онлајн на www.hronometar10km.mk.

Би можело да ве интересира

Поради меѓународна ноќна атлетска трка, утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради меѓународна ноќна атлетска трка

Во Скопје се одржа трка со специјален протокол

А1он

Откажана Големата награда на Австралија во Формула 1

Aleksandar Petrovski

„Авицена женска трка“ на 5 април, започна пријавувањето

Ана Ололовска

На трката Skopje Run 10K соборени два државни рекорда

Igor Smilevski