Фудбалерите на ПСЖ ја постигнаа и четвртата победа во француската Лига 1 откако синоќа на домашен терен го победија Сент Етиен со 3:0. ПСЖ поведе во 20.минута со голот на Единсон Кавани од пенал.
На 2:0 во 51.минута зголеми Тиаго Мота, а конечните 3:0 ги постави Кавани со својот втор гол на дуелот во 89.минута.
Од 4.коло од Лига 1 денеска се играат шест натпревари: Нант – Олимпик Лион, Амиен – Ница, Бордо – Троа, Каен – Мец, Дижон – Монпеље и Тулуз – Рен.
Во недела се играат натпреварите: Генгамп – Стразбур, Анже – Лил и Монако – Олимпик Марсеј.
ПСЖ е прв на табелата со максимални 12 бода, поред Монако и Сент Етиен кои имаат по 9.