Нов гол на Несторовски, но и пораз на Палермо

Од:

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски уште еднаш постигна гол, но неговиот тим Палермо повторно е поразен.

На средбата од 13.коло во Серија А, екипата на Палермо загуби со 3-1 на гостувањето кај Болоња, иако имаше водство од 1-0 по голот кој го постигна Несторовски утре во 9.минута од натпреварот.

За македонскиот репрезентативец ова беше осмиот гол сезонава, но неговата екипа Палермо останува на претпоследно место на табелата со само една победа, односно, само шест освоени бодови.

На другите денешни натпревари беа постигнати овие резултати:
Аталанта – Рома 2-1, Сампдорија – Сасуоло 3-2, Емполи – Фиорентина 0-4, Лацио – Џенова 3-1 и Кротоне – Торино 0-2.

Јувентус вчера ја победи Пескара со 2-0, Киево славеше над Каљари со 1-0, а Удинезе пред својата публика загуби од Наполи со 0-2.

Колото ќе биде комплетирано вечерва во градското дерби меѓу Милан и Интер кое ќе се игра во терминот од 20:45 часот.

Табела: Јувентус 36 бода, Рома 26, Милан 25, Наполи 24, Лацио 22, Аталанта 22,…

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска