Македонскиот репрезентативец, Илија Несторовски повторно постигна гол за Палермо, но неговата екипа освои само еден бод.
Во првиот натпревар од денешната програма во италијанската Серија А, екипите на Палермо и Сампдорија одиграа нерешено 1-1, иако домаќините имаа предност до самиот финиш.
Палермо поведе со гол на натпреварот беше Несторовки во 31.минута од пенал. За македонскиот репрезентативец ова беше десеттиот гол во Серија А сезонава.
Бод на Самдорија и донесе Фабио Кваљарела со голот во последната (90) минута.
Дешната програмата со средбите: Киево – Пескара, Сасуоло – Милан, Лацио – Удинезе, Џенова – Болоња и Кротоне – Каљари.
Дербито на колото меѓу Интер – Рома ќе се игра вечерва од 20.45 часот, а истото ќе биде комплетирано во утре со натпреварот Фиорентина – Торино.