Нов договор и двојно повисока плата за англискиот селектор

Од:

Англиската фудбалска федерација (ФА) е подготвена на селекторот Герет Саутгејт да му понуди нов договор со двојно повисока плата од сегашната, објавија денеска британските медиуми.

Саутгејт, меѓутоа, засега избегнува разговори за нов договор сè додека Англија не обезбеди пласман на Мундијалот 2022 во Катар. Англичаните водат во својата квалификациска група со три бодови повеќе од Полска, а до крајот ги очекува натпревар вечерва на Вембли против Албанија и три денови подоцна гостување кај Сан Марино.

Англиските медиуми наведуваат дека ФА е подготвена на Саутгејт да му понуди годишна плата од шест милиони фунти, што е двојно повеќе отколку што заработува сега. Толку висока плата меѓу англиските селектори имаше само Италијанецот Фабио Капело.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска