Норис ја освои пол-позицијата за ГН на Русија

Од:

Возачот на Мекларен, Ландо Норис оствари најдобар резултат во квалификациите за трката од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Русија. Тој со време 1:41.993 минута се избори за пол-позицијата.

Второто место го зазеде Карлос Сајнц од Ферари со 0,517 секунди послабо време од Норис.

Од вториот ред ќе тргнат Џорџ Расел од Вилијамс (+0,990 секунди) и возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон имаше и едно излетување од патеката со болидот по што удри во ограда и го оштети задниот браник.

Во првите десет најдобри во квалификациите се најдоа и: Даниел Рикардо, Фернандо Алонсо, Валтери Ботас, Ленс Строл, Серхио Перез и Естебан Окон.

Главната трка за руското Гран при ќе се одржи во Сочи утре со почеток во 14 часот.

Би можело да ве интересира

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин