Ноќна атлетска трка „Низ улиците на Скопје“

Од:

Повеќе од 600 натпреварувачи учествуваа на традиционалната ноќна атлетска трка „Низ улиците на Скопје“, што се одржа по повод 13 Ноември – Денот на ослободување на Град Скопје.

Организатор е Атлетската федерација на Македонија, а покровител е Град Скопје. Стартот на трката го означи градоначалникот на Скопје Коце Трајановски.

Натпреварот, кој е вметнат во Календарот на АФМ, ЕАА, се организираше во четири категории, машка и женска трка за средношколци на 1 200 метри, и главна трка за сениори во машка конкуренција (6.000 метри) и во женска конкуренција (4.800 метри).

Во машка категорија (6.000 метри) победи Дарио Ивановски, втор беше Кристијан Стошиќ (Србија), а трет Милош Ранчиќ.

Во женска категорија (4.800 метри) првото место го освои Андријана Попарсова, второто Весна Ќиранциева, а третото Марго Бојаџиева.

Во конкуренција на средношколци-машка категорија (1.200 метри) победник е Иван Тимчевски, пред Павле Јовановски и Павел Јаневски. Во женска категорија најбрза беше Емона Кадриу, втора Ирина Хајдари, а третопласирана Јана Митовска.

Град Скопје оваа манифестација ја финансира со 120.000 денари.

Би можело да ве интересира

Снег во Скопје, врне и во останатите делови од државава

Измамена е 83-годишна жена, останала без 50.000 денари

Граѓански протест во Скопје: Улиците не се безбедни, кој е следен?

Инцидент во Скопје: Поради паричен долг насилник го грабнал должникот, па му се заканувал

Горан Наумовски

80-годишна жена од Скопје остана без 10.000 евра, му поверувала на лажен германски полицаец

Две малолетни девојки покосени со мотор на тротоар во Аеродром

Предраг Петровиќ