Нојер нема да игра за Баерн, најверојатно ќе го пропушти и СП во Русија

Од:

Се чини дека најлошите предвидувања за Мануел Нојер се остваруваат. Најдобриот голман во светот веќе половина година е надвор од теренот, но надежите беа да одигра неколку натпревари пред крајот на сезоната за да почне да се подготвува за претстојното Светско првенство. Сепак, тоа нема да се случи.

– Мануел нема да игра против Штутгарт, како и во финалето за Купот, категорично изјави тренерот на баварците, Јуп Хајнкес за шансите голманот да брани на последните дуели за својот тим во сезоната.

Исто така, шансите на Нојер да игра на Мундијалот во Русија се минимални. Тој самиот изјави дека нема да оди во Русија, ако пред тоа не одигра неколку натпревари.

– Мислам дека не е можно да одам на турнир, без претходно да одиграм неколку дуели, вели тој.

До почетокот на СП 2018 единствените можности на Нојер за официјални натпревари се контролните средби на „панцирите“ со Австрија на 2 јуни и Саудиска Арабија на 8 јуни.

Би можело да ве интересира

Бонучи за можната пресметка со Португалија во баражот за СП: Роналдо знае дека ќе добие удари по нозете

Ана Ололовска

ФФМ доби 1.300 влезници за мундијалскиот бараж во Палермо

Ана Ололовска

Де Брујне не е против Мундијал на две години

Ана Ололовска

Повеќе од 12 европски тимови сакаат да ја напуштат ФИФА поради плановите за Светското првенство на две години

Ана Ололовска

Нордиските земји против двегодишен Мундијал во фудбал

Ана Ололовска

Албанците се извинија за инцидентите и ги обвинија Полјаците за провокации

А1он