Њу Орлеанс го доби првиот пик

Од:

Екипата на Њу Орлеанс ја имаше среќата да го добие правото да бира прва на претстојниот НБА драфт. Лотаријата одреди втор да бира Шарлот, а трет тимот на Вашингтон.

Пред почетокот на драфт-лотаријата екипата на њу Орлеанс Хорнетс имаше 13.7% шанси да дојде до првиот пик. Во подобра позиција од нив се наоѓаа Шарлот, Вашингтон и Кливленд, но на крајот токму Хорнетси имаа среќа да бираат први на овогодинешниот драфт.

Тоа речиси сигурно значи дека тие како прв ќе го изберат центарот на НЦАА шампионот Кентаки, Ентони Дејвис, кој според најголемиот дел НБА аналитичари е најдобар играч во оваа драфт-класа.

Како втори ќе бираат најголемите губитници оваа сезона, Бобкетси, кои остварија само седум победи и кои се надеваа дека ќе успеат да дојдат до првиот пик и до Дејвис. Сепак, нивните 25% шанси да го остварат својот план не се реализираа, и сега добро ќе треба да размислат кого ќе изберат со вториот пик.

Како трети ќе бираат Визардси, додека четвртиот пик им припадна на Кавси, кои на последниот драфт како прв го избраа Кајри Ирвинг.

Петтиот пик му припадна на Сакраменто, додека Бруклин го има шестиот избор, кој оди во Портланд поради трејдот на Џералд Волас од оваа сезона во кој екипите се имаа договорено само доколку Нетси имаа еден од првите три пика тој да остане во Бруклин. Покрај шестиот, Блејзерси ќе го имаат и 11. пик.

Инаку, НБА драфтот ќе се одржи на 28. јуни во Њуарк.

Би можело да ве интересира

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Милвоки

Адетокунбо: Ги разбирам нашите навивачи кои не исвиркаа