Ниту Бостон не го сопре Мајами

Од:

Продолжува серијата победи на шампионот Мајами. Тие ноќеска го совладаа Бостон на негов терен и сега имаат 23 победи во низа. Во решавачките моменти Леброн Џејмс постигна кош за водство од 105:103. Играчите на Бостон не постигнаа поени во последните 10,5 секунди и гостите остварија нова победа.

Леброн Џејмс имаше 37 поени, а најефикасен беше играчот на Бостон Џеф Грин со 43 поени.

Пласман во плеј офот имаат обезбедено досега: Мајами (Исток), Сан Антонио и Оклахома Сити (Запад).

Без шанси за пласман во доигрувањето се екипите: Орландо и Шарлот.

Резултати од ноќешните натпревари: Филаделфија – Портланд 101:100, Шарлот – Вашингтон 119:114, Кливленд – Индијана 90:111, Атланта – Далас 113:127, Детроит – Бруклин 82:119, Бостон – Мајами 103:105, Чикаго – Денвер 118:119 (продолжение), Мемфис – Минесота 92:77, Њу Орлеанс – Голден Стејт 72:93, Феникс – Лос Анџелес Лејкерс 99:76 и Јута – Њујорк 83:90.

Двојки за вечерва: Индијана – Орландо, Милвоки – Портланд, Оклахома Сити – Денвер и Сакраменто – Лос Анџелес Килперс.

Пласман Источна конференција: Мајами 52-14 (победи-порази), Индијана 41-26, Њујорк 39-26, Бруклин 39-28, Атланта 37-30, Чикаго 36-30, Бостон 36-30, Милвоки 33-32,…

Пласман Западна конференција: Сан Антонио 51-16, Оклахома Сити 50-17, Лос Анџелес Клиперс 46-21, Мемфис 45-21, Денвер 46-22, Голден Стејт 39-30, Хјустон 36-31, Лос Анџелес Лејкерс 36-33, Јута 34-33,…

Би можело да ве интересира

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Милвоки

Адетокунбо: Ги разбирам нашите навивачи кои не исвиркаа