Најбрзиот човек во историјата, Јусеин Болт, во соработка со Nissan на посебно подготвена аукција за екслузивниот Bolt Gold, златен Nissan GT-R, успеаја да соберат 193.000 долари, кои ќе бидат донирани за фондацијата на атлетичарот наменета за помош за образование на деца и млади од Јамајка.
За своите извонредни постигнувања и неверојатни резултати на Олимписките игри во Лондон годинава, Јусеин Болт, неодамна од Nissan доби на подарок залетен GT-R. Најбрзиот атлетичар од Јамајка реши, во сорабортка со Nissan, сепак овој модел да биде продаден на аукција, а средствата да бидат искористени во хумани цели.
Моделот кој ќе го добие купувачот ќе биде дополнително специјално „дотеран“, кој ќе го преземе во март идната година. Покрај златната боја, внатрешноста ќе има многу златни елементи, како и посебна плакета изгравирана со автограмот на Bolt.