Нирнебрг го смени тренерот

Од:

Германскиот фудбалски клуб Нирнберг вчеравечер му даде отказ на тренерот Михаел Вајзингер по слабите резултати во почетните осум кола од Бундес лигата и катастрофалниот пораз од 5:0 на домашен терен во неделата од Хамбургер.

Во моментов Нирнберг е при самото дно на табелата, на 16.место со само пет од можните 24 бодови.

Вајзингер во тимот дојде пред нецела година, а на негово место раководството на бундеслигашот како привремено решение го постави Роџер Принцен, тренер во младинските категории.

– По убедливиот пораз од Хамбургер и анализите на резултатите во досегашниот дел од сезоната клубот одлучи да им се заблагодари за соработката на Вајзингер и неговиот помошник, соопштија од клубот.

Следниот натпревар во Бундес лигата на Нирнберг е на гости во Франкфурт против Ајнтрахт.

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска