Германскиот фудбалски клуб Нирнберг вчеравечер му даде отказ на тренерот Михаел Вајзингер по слабите резултати во почетните осум кола од Бундес лигата и катастрофалниот пораз од 5:0 на домашен терен во неделата од Хамбургер.
Во моментов Нирнберг е при самото дно на табелата, на 16.место со само пет од можните 24 бодови.
Вајзингер во тимот дојде пред нецела година, а на негово место раководството на бундеслигашот како привремено решение го постави Роџер Принцен, тренер во младинските категории.
– По убедливиот пораз од Хамбургер и анализите на резултатите во досегашниот дел од сезоната клубот одлучи да им се заблагодари за соработката на Вајзингер и неговиот помошник, соопштија од клубот.
Следниот натпревар во Бундес лигата на Нирнберг е на гости во Франкфурт против Ајнтрахт.