Македонскиот репрезентативец Бобан Николов очекува резултатот на средбата со Србија да биде во корист на „црвено-жолтите“ и покрај тоа шта за противник ќе имаат силна селекција која во категоријата У-20 беше светски шампион.
– Натпреварот со Србија е клучниот за нас на овој шампионат. Знаеме дека не очекува исклучително тежок дуел, но ние веќе се навикнавме на тоа. За никој од нас првенството не е завршено, и покрај високиот пораз од Шпанија. Напротив веруваме дека резултатски можеме да се вратиме. Играме против светските шампиони до 20 години. Ова е балканско дерби. Се надевам дека ќе бидеме на нивото од првиот натпревар со Шпанија, но овој пат резултатот ќе биде во наша корист, изјави капитенот на утрешниот натпревар Бобан Николов.
Македонија и Србија својот дуел од Б-групата на Европското првенство за фудбалери до 21 година ќе го одиграа попладне во Бидгошч со почеток во 18 часот.