Николиќ повеќе не е тренер на Карпош Соколи

Од:

Српскиот стратег со македонски пасош, Драган Николиќ, повеќе не е тренер на Карпош Соколи, откако по долги и интензивни преговори двете страни не успеаја да најдат заеднички јазик околу продолжување на соработката.

Без разлика на ваквата меѓусебна одлука, името на Николиќ засекогаш ќе остане запишано во историјата на клубот, поради фактот што го остави своето срце во изминативе месеци откако дојде на клупата на „соколите“, но пред се поради остварените резултати како во АБА-лигата така и во двете домашни натпреварувања.

– Заминувањето на српскиот стратег од редовите на Карпош Соколи не значи и дека во догледно време соработката нема да биде обновена, бидејќи остануваат неговите пријателски односи со сите од таборот на „соколите“. Вратите од клубот секогаш ќе бидат отворени за Гаги, секако кога ќе се создадат услови за нова соработка. Управата на победникот на Купот на Македонија му се заблагодарува на сиот труд вложен во периодот по неговото назначување за прв тренер и му посакува среќа во неговата понатамошна кариера со надеж дека многу брзо патиштата повторно ќе им се спојат и дека заедничката приказна ќе добие нова и поуспешна епизода, соопштија од македонскиот вицепрвак.

Би можело да ве интересира

Антиќ избра 25 кошаркари за подготовките за јуниорското ЕП во Софија

Ана Ололовска

Слободен влез за навивачите за завршницата на македонскиот кошаркарски Куп

Ана Ололовска

Завршницата на македонскиот кошаркарски Куп почнува в четврток

Во нова драма, Македонија со тесна победа над Словачка!

Горан Наумовски

Феникс 2010 ја прекинаа серијата победи на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

Кошаркарите на Бадел 1962 испишаа клупска историја во Јадранската лига

А1он