Ница со два гола од пенал го победи Анжи

Од:

Екипата на Ница со два гола од пенал во завршните десет минути го победи Анжи со 2:1 во воведниот натпревар од 21. коло на фудбалскиот шампионат на Франција.

На средбата одиграна синоќа во Ница, екипата на Анжи со погодокот на Пиерик Капен постигнат во 24 минута имаше предност од 1:0 се до завршните десет минути. Домашниот тим со погодоците од белата точка на Бен Афра во 80-тата и четири минути подоцна успеа да направи комплетен резултатски пресврт и да ги освои трите бода.

За утре закажани се натпреварите:  Тулуз – Париз Сен Жермен, Tроа – Рен, Бастија – Монпеље, Бордо – Лил, Гингамп – Нант и Ајачо – Ремс.

Последните три средби од ова коло ќе се играат во недела, а во нив се среќаваат: Лориен – Монако, Кан – Олимпик Марсеј и Сент Етијен – Олимпик Лион .

Табела: ПСЖ 54 бодови, Анжи 34, Ница 33,  Монако 33, Кан 30, Олимпоик Лион 29, Сент Етијен 29…

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Навивач упадна на терен и направи хаос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивачите ги изненадија Французите, им приредија добредојде и покрај поразот во финалето

А1он

ВИДЕО: Нереди во Франција и во Белгија, загина момче, стотина приведени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шоу на Мбапе и Жиру против Полска, Французите ја продолжуваат одбраната на титулата

Катерина Ѓуровски

Во Франција тврдат дека Зидан на лето ќе застане на чело на ПСЖ

Ана Ололовска

Гризман му даде поддршка на Умтити: Без него немаше да го освоиме СП, тој е примерен професионалец

Ана Ололовска