Фудбалерите на Ница го победија Ремс со 2:0 во првиот натпревар од 35. коло на Лига 1 и ги задржаа шансите за пласман во елитната Лига на шампиони.
Со освоените три бода, Ница изби на третата позиција на табелата и е во очекување на резултатите на конкурентите Монако, Лион и Сент Етиен.
Токму Олимпик Лион од 17:30 часот гостува кај Тулуз во единствениот саботен дуел од оваа рунда.
Шест дуели се на програмата утре:
Олимпик Марсеј – Нант,
Ајачио – Бастија,
Генгамп – Каен,
Монпеље – Троа,
Сент Етиен – Лориен и
Рен – Монако.
На 27 април ќе играат Лил и Анже, додека на 11 мај се игра дуелот Бордо – ПСЖ. Овие два натпревара се одложени поради саботното финале на Лига купот меѓу ПСЖ и Лил.
Табела: ПСЖ 86 бодови, Монако 58, Ница 57, Олимпик Лион 56, Сент Етиен 54, Лил 52, Рен 51,…