Неверојатниот пат на Беки Хемон

Од:

Вијести-Подгорица

За другите жени во спортот таа е инспирација. За младите девојки е пример. За фановите е куриозитет. За историчарите е фуснота.

Речиси ништо на овој свет не може да ја исплаши Беки Хемон. Себеси се опишува како адреналин зависник, лови ајкули, ја бркале баракуди, планира да скока со падобран… Сепак таа вели дека не е бестрашна, туку дека така се бори со своите стравови.

– Јас сум една од тие луѓе кои стравот го победуваат соочувајќи се со него.

Беки така ги пробива личните бариери, но оваа сезона влезе во историјата кога стана прва жена асистент во НБА лигата, како дел од стручниот тим на Сан Антонио Спарс. За другите жени во спортот таа е инспирација. За младите девојки е пример. За фановите е куриозитет. За историчарите е фуснота.

Беки Хемон сакала до крајот на својата кариера да ја продолжи тренерската кариера, а можела тоа да го направи и во WNBA каде е една од 15 најдобрите спортистки во историјата, или во колеџот за кошарка, но и во Европа каде поминала дел од својата професионална кариера. Но, Грег Поповиќ, човек со пет шампионати и одлична менторска репутација, прв ја повикал и ова лето Беки Хемон ја прифатила работата. Во Беки Поп видел еднакво посветена, страствена, студиозна, паметна и вредна жена и идеална ученичка. Се вклопува целосно во профилот на тренерите кои во последните 20 години работеле со Поп, а сега се главни тренери во НБА: Брет Браун, Мајк Буденхолсер, Монти Вилијамс и Жак Вон.

Единствена разлика е во повеќе Х хромозоми и опавчето на глава.

– Кога си толку многу во игра, знаеш кој може да биде тренер, а кој не – вели Поповиќ.

– Беки е една од нив. Таа е Стив Кер. Таа е Док Риверс. Таа е таков тип. Имаат чувство за игра во која сакаат да продолжат да учествуваат.

Женски Поп

Поповиќ и Хемон летото патувале од Лондон во САД, по олимпијадата 2012 и развиле однос на ментор и ученик минатата сезона, кога Беки Хемон била тренерски приправник додека закрепнувала од повреда на коленото. Нејзиниот тренерски инстикт се искажал на состаноците на персоналот. Затоа никој во Спарс не бил изненаден кога станала дел од стручниот тим, откако се повлекла од WNBA во 37. година.

– Искрено, не сфатив дека тоа е толку важно. Луѓето полудеа, како да сме го спасиле светот од фашизам или слично. Беше поважно да се награди поради тоа што е, што самата направи и што верувам дека може да го направи, отколку да се грижиме за реакцијата на луѓето – објаснува Поп.

На многу нивоа оваа транзиција беше очекувана и природна за Беки Хемон. Играла на елитно ниво, била препозната по своите лидерски квалитети, била Ал-Стар Плејмејкер… И додека се што е во нејзината биографија покажува дека е така, еден детал секогаш бил присутен. Никој никогаш не ја избрал Беки прва во ништо…

Нашето мало место

Беки пораснала во Рапид Сити, втор град по големина во Јужна Дакота. Тој град, со оглед дека има 70.000 жители, дал доста професионални спортисти како Адам Винатијер, Марк Елиса, Ерик Пјатковски и Беки која средното училиште го напуштила како рекордер во поени, асистенции и украдени топки.

Со постариот брат Мет и сестрата Џина, слободното време го поминувала на риболов, ловејќи, возејќи трицикли во шумата… Кошот бил поставен пред куќата која била на рид, па секое промашување ја чинело многу време додека таа не ја земе топката од удолницата…

Многу луѓе се шегуваат дека Беки Хемон е родена за кошарка, но тоа и не е претерување кога знаете дека во петата година играла со двете раце добар дриблинг.

– Имам фотографии кога сум имала само две или три години, на кои држам кошаркарска топка. Не се сеќавам на период од животот кога не сум имала баскет – вели Беки.

Растењето во Рапид Сити ја научило дека мора да игра со машки, бидејќи немало многу девојки заинтересирани за кошарка. Но, тоа понатаму вродило со плод. Почнала да се натпреварува со момчиња во осмата година, но била толку надмоќна што ја префрлиле да игра со две години постари кошаркари.

Никогаш нема да можеш да забиеш

Во текот на целата кариера била позната по умешноста со топката, одлични додавања, движења и шутеви. Тоа го научила сама. Секогаш била најнизок играч на теренот, па морала да наоѓа разни агли за да ја протурка топката до кошот или до соиграчот. Со тек на време, најголеми ривали и станале нејзиниот брат Мет и неговите другари со кои играла баскет, но кои не ја пуштале и не и дозволувале лесни шутеви и поминувања.

– Беше интензивно бидејќи не сакаа да и дадат да постигнува кошеви – вели нејзината мајка Бев.

А семејството Хемон секогаш се натпреварувало во нешто, па така не и недостасувал натпреварувачки дух.

Се натпреварувале во друштвени игри, фудбал, па дури и во тоа кој прв ќе го изеде својот зеленчук.

– Нашето семејство никогаш не научи да губи. Се беше само натпревар – признава Мет.

Кога било студено Хамонови играле кошарка во домот со кош на вратата. Таткото Марти играл на колена.

Кога имала 10 години Беки скокнала и успеала да забие преку татко и, а потоа го прашала: – Тато, тато дали ќе можам да забијам вака на вистински кош?

– Бек, никогаш нема да можеш. Мора да научиш да играш на земја – признава Марти.

– Навистина тато, зарем никогаш нема да можам да забијам?

Марти повторил: – Не Бек, никогаш нема да можеш да забиеш?

Долго време Бев Хемон се прашувала дали нејзината најмлада ќерка ќе порасне повисока од 150 сантиметри.

– Беше ниска долго време – вели Бев.

Беки почнала и да лови кога била млада, но првиот елен, кој го убила на 15 години, бил и последен. Сега лови само фазани и други мали птици, а во големите ловови учествува само како гледач.

Океанот е веќе друга работа, бидејќи семејно одат во Флорида, каде Беки бара ајкули.

Беки сфатила дека е поинаква и што се однесува до кошарката, кога во камповите едвај ги чекала тренинзите, додека на другите спортистки им било мака од кошарката по два тренинга дневно. Но и дома со Мет можела да игра до доцна навечер, бидејќи живееле на граница со националниот парк, немало соседи на кои можеле да им пречат.

Кога немало дома никој, вежбала шут и поставување, а често се слушал звук на удирање на топката по ѕидовите дома, каде вежбала додавање на топката.

– Беше со кошаркарски дух – вели нејзиниот такто.

Нема работа, ако…

Грег Поповиќ во изминатите две децении работел со многу асистенти со различни карактеристики и личности, но во секој тренер гледал природна тренерска наклоност. Поповиќ бара тренери кои имаат силна работна етика, желба да учат и да се подобруваат и тие кои сватиле дека важен е тимот, а не поединецот.

Поповиќ од своите тренери барал да кажат што мислат. На клупа тој не е автократ како што се чини поради неговиот имиџ во јавноста. Тој бара тренери со идеи кои ќе го предизвикуваат и со кои нешто ќе креира, било во тек на подготовки или тајмаути во последната четвртина.

– Веднаш се вклопи – вели Име Удок, колега од стручниот штаб.

Поповиќ бара од тренерите добро да се чувствуваат во својата кожа, да ги признаат грешките, да умеат да комуницираат и посебно: – Смисла за хумор. Нема смисла за хумор, нема ни работа.

Премногу ниска и премногу бавна

Беки Хемон била предодредена за големи нешта, во втора година средно училиште го презела местото на плејмејкер и надминала многу рекорди од своето средно училиште. И фалело само државно првенство. Меѓутоа, Беки Хемон никогаш не била себична и не одела сама.

– Ако си сам, таа ќе ти додаде. Во еден момент делуваше дека треба да шутира повеќе. Но тоа го правеше кога беше потребно – се присетува Амбер Зимига Хемон, поранешна кошаркарка која е мажена за братот на Беки, Мет.

Кариерата во средното училиште се завршила во државното полуфинале, каде постигнала 29 од вкупно 34 поени во својата екипа. На неколку секунди до крајот, во средното училиште тимот го повела со поен разлика, а потоа постигнала кош со фаул. Хемон која шутирала 90 отсто од линијата за фрлање не сакала тајм-аут, туку да шутира.

Притоа промашила, противничкиот тим ја фатил топката и со брз напад постигнал 2 поена и поминал во финалето.

– Знам дека и денес мисли дека таа го изгуби натпреварот. Но, да не постигнеше толку поени не би биле во можност да можеме да добиеме – објаснува тренерот Рихерд.

Пред се поради оддалеченоста од градот, никој од големите колеџи не ја забележал Беки Хемон. Тие скаути кои ја виделе ја оцениле како премногу ниска и премногу бавна. Беки достигнала висина од 168 сантиметри.

Меѓутоа, Кери Галегос-Доринг асистентка на Колорадо Стејт универзитетот во неа видела нешто друго. Беки Хемон секогаш ги наоѓала совршено играчите од својот тим, никој не можел да и ја земе топката, а наспроти тоа што не била посебно брза, ниту еден дефанзивец не успеал да остане покрај неа.

– Имаше нешто посебно, нешто што не се гледа често. Реткост е да се видат мали бекови кои играат така – вели Галегос-Деринг.

Универзитетот Колорадо Стејт, Хемон го ставила на кошаркарска мапа, водејќи тим до 33 ученици во сезоната 98-99, а екипата стигнала до осмина финале на државните натпревари. Кариерата на колеџот ја завршила како рекордер во поени, асистенции и тројки, престигнувајќи го Кит Ван Хорн како водечки стрелец во двете категории во Западната Атлетска Конференција.

Но и понатаму била премногу ниска и премногу бавна. Ниту една WNBA екипа не ја дрифтувала Беки во 1999 година. Отишла на тренинг во кампот Њујорк Либерти екипата, склучила договор и станала Ол-Стар играч. Но, и покрај тоа Њујорк ја испратил во Сан Антонио во 2007 година.

Кога ја завршила кариерата, можела да се пофали со учество во седум Ол-Стар натпревари, седмо место по бројот на поени во историјата, четврта во асистенции и втора во тројки. Прогласена е за една од 15 најдобри играчи во историјата на WNBA.

Стекнала фанови и во НБА лигата, па ја фалеле ЛеБрон Џејмс и Коби Брајант.

– Ме импресионира поради висината. Не е ни најбрза. Нашла начин да биде важна. Ако шутот не оди, беше доволно паметна да биде чекор понапред. Такви играчи стануваат тренери – порачал Ману Џинобил.

На вистинско место во вистинско време

Искуството со играта дополнително ја препорачува, посебно што 16 главни тренери во НБА никогаш не играле во тие елитни натпревари, а во таа група е токму и Грег Поповиќ, како и меѓу другите Ерик Спостра од тимот Мајами.

– Малку е потешко за нас да заработиме кредибилитет – признава Поповиќ.

Нема постабилна и по почитувана франшиза од Спарс, ни подобар ментор од Поповиќ ни подобри ситуации за развој на Беки Хемон. Екипата е зрела, група ветерани со силни лидери како што се Тим Даркан, Тони Паркер и Џинобл и без ниту една усвитена глава.

Паркер и Хемон се спријателиле уште пред неколку години, па нема загриженост за Хемон што се однесува до опстанокот во доминантно машко друштво.

– Нема проблеми – вели Џинобл додавајќи дека можеби имало проблеми во другите екипи, но не и во Спарс.

Франшизата Спарс промовира диверзитет со играчите од Австралија, Италија, Франција, Аргентина, Бразил, Канада… Во стручниот тим е и легендарниот Италијанец Еторе Месина, па не е неочекувано во тимот на Поповиќ да ја видиме првата жена на теренот. И единствено Поповиќ можеме да веруваме дека направи историски потег, а дека тоа му била последна работа на памет. На фановите тоа беше куриозитет, за Поповиќ беше само пополнување на стручниот штаб.

Руски дрес

Растејќи во 80-тите и раните 90-ти, Беки Хемон ги идеализирала Меџик Џонсон и Мајкл Џордан и сонувала да игра во НБА лигата. Татко и ја спуштал на земја, зборувајќи дека без оглед колку силно ќе тренира, нема да заигра во ниту еден натпревар. WNBA се уште не постоела. Младата Беки сонувала за Олимпијадата, за денот кога ќе ја слушне американската химна при доделба на награда. Во 2007 година била ѕвезда на WNBA со одлични шутеви и визија. Завршила втора во гласањето на првенството зад Австралијанката Лорин Џексон од Сиетл Сторм. Значи, таа година Хемон била најдобра американска кошаркарка.

Сепак, од до крај неразјаснети причини, Хемон не се нашла меѓу 23 женски играчи кои биле повикани на тренинг во кампот на репрезентацијата на САД. Пријателите и семејството и зборувале дека се работи за фаворизирање на играчи кои играле во екипи со тренери од САД. – Не се јавувале на повиците на нејзините агенти. Таа беше очајна – се присетува Бев Хемон.

Шокантниот потег следел потоа. Хемон прифатила покана да игра за репрезентацијата на Русија, каде е позната бидејќи во текот на одморот во WNBA играла за московскиот тим ЦСКА: Секако, следела патриотска одмазда.

Ен Донован, селекторка на репрезентацијата на САД имала груби зборови: – Ако пораснеш и играш во оваа држава, а потоа облечеш руски дрес, тогаш не си патриот.

Таа подоцна ја повлекла својата изјава.

Соновите за Олимпијадата ја држеле Беки која ја предводела екипата до полуфинале каде ги дочекала токму репрезентацијата на САД. Хемон лошо шутирала, постигнала само три поени и Русија изгубила. Беки се вратила во мечот за бронза и со 22 поени била најдобар играч во победата над Кина.

– Беше одлично, ништо не би променила – искрена била Хемон по Олимпијадата.

Ништо не е случајно?

Површно гледано се е логично и линерано – младата девојка го октрила спортот кој го сака и го посветила животот на играта. Стартер и рекордер во средно училиште, избрана во државниот тим на годината, колеџ ѕвезда, најдобар стрелец, Ал-Стар играч, професионалец, освојувач на олимписки медал, тренерски потенцијал.

Но, имало и болни детали, скаутите кои зборувале дека е премногу ниска и премногу бавна, сите колеџ тренери кои ја игнорирале, WNBA менаџерите кои ја прескокнувале на драфт и селектори кои ја бришеле од список.

Но, да не била во рускиот олимписки тим, никогаш не би била на ист лет со Поповиќ во 2012 година. Да не се повредела тешко, не би поминала цела сезона во стручниот штаб на Спарс. Ако Њујорк не ја трејдуваше во Сан Антонио, можеби никогаш не би се поврзала со таа франшиза.

На многу начини, Беки Хемоне перфектна личност во перфектно време за историски чин. Исто така, таа беше најмалку веројатен кандидат за тоа. Кога ја повикал Поповиќ, не можела да ги задржи солзите.

– Мамо, ме избраа. Никој никогаш не ме избрал. А тие ме избраа.

Би можело да ве интересира

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он

Тренерот на Минесота опериран – незивесно дали го пропушта стартот на серијата против Денвер

Предраг Петровиќ

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски