Неверојатна завшница, Лацио прв финалист на Купот

Од:

Екипата на Лацио успеа да слави против екипата на Јувентус со резултат од 2:1, со што обезбеди пласман во финалниот натпревар од Купот на Италија.

Гонзалес на стартот на второто полувреме го донесе Лацио во водство од 1:0. Во 92. минута преку Артуро Видал, Јувентус успеа да изедначи, но веќе во наредната акција, по првиот изведен корнер на натпреварот за Лацио, Флокари со глава успеа да го совлада Сторари со што го доведе тимот на Лацио повторно во водство.

Во 95. минута, Вучиниќ одлично го проигра Џовинко, Маркети одлично го спречи неговиот удар, топката заврши во нозете на Маркизио но тој промаши комплетно празен гол. И на крајот во последната минута од надополнувањето, од слободен удар, Пирло центрираше но Кваљарела не погоди.

Лацио во финалниот натпревар од Купот на Италија, ќе се сретне со подобриот од дуелот помеѓу Рома и Интер.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска