Несторовски ќе има нов тренер во Удинезе

Од:

Италијанскиот фудбалски прволигаш Удинезе, во чиј редови настапува македонскиот репрезентативец Илија Несторовски, денеска му врачи отказ на тренерот Лука Готи, два дена по првенствениот пораз на домашен терен од Емполи (1-3).

Готи беше дел од Удинезе од јануари 2019 година, прво како помошник на Игор Тудор, а кога хрватскиот стратег доби отказ, Готи во есента истата година ја презеде улогата шеф на стручниот штаб.

Како негови можни наследници на клупата на Удинезе во италијанските медиуми се споменуваат Пако Хемез и Роландо Маран.

Удинезе во моментов е на 14. место во Серија А, шест бодови над зоната за испаѓање.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска