Нерешено на римското дерби и рекорд на Тоти

Од:

Дерби натпреварот на 31.коло од Серија А се одигра синоќа на „Олимпискиот стадион“ во Рим, каде градските ривали Рома и Лацио одиграа 1:1.

Поведоа „лацијалите“ кој на овој натпревар беа гости со голот на Хернандес во 16.минута, а изедначи Франческо Тоти во 57.минута од пенал.

За Тоти ова беше 29.ти натпревар во дресот на Рома против Лацио, а го постигна деветтиот гол со што го изедначи рекордот на Марко Делвекио и Дино да Коста кои исто така девет пати погодувале во градските дерби средби.

Со освоениот бод Лацио го мина Интер на табелата и сега е на 5.место, додека Рома остана на 7.место.

Табела: Јувентус 71 бод, Наполи 62, Милан 58, Фиорентина 52, Лацио 51, Интер 50, Рома 48,…

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска