Нерешено на дербито во Фиренца

Од:

Без победник со резултат 2:2 заврши дерби натпреварот меѓу домашната Фиорентина и Милан, одигран попладнево во Фиренца.

Милан водеше со 2:0 и имаше играч повеќе од 39.минута, но и тоа не беше доволно „росо-нерите“ да ги освојат трите бода.

На другите досега завршени натпревари од 31.коло во италијанската Серија А постигнати се следниве резултати: Јувентус – Пескара 2:1, Болоња – Торино 2:2, Катанија – Каљари 0:0, Удинезе – Киево 3:1, Сампдорија – Палермо 1:3, Сиена – Парма 0:0.

Вечерва играат Интер – Аталанта и Наполи – Џенова.

Колото ќе биде комплетирано утре со римското дерби Рома – Лацио.

Табела: Јувентус 71 бодови, Наполи 59, Милан 58, Фиорентина 52, Интер 50, Лацио 50, Рома 47,…

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска