Нерешени резултати за водечката четворка во Премиер лигата

Од:

Четирите првопласирани екипи во Премиер лигата одиграа нерешено на денешените натпревари од 19. коло. Лидерот Челзи на гостувањето кај четвртиот Саутемптон одигра 1:1. Шампионот Манчестер Сити (втор) беше изненаден дома откако по водството од 2:0, со Барнли натпреварот го заврши 2:2, додека третиот Манчестер Јунајтед одигра без голови (0:0) на гостувањето кај Тотенхем.

Резултати од 19.коло: Тотенхем – Манчестер Јунајтед 0:0, Саутемптон – Челзи 1:1, Астон Вила – Сандерленд 0:0, Хал – Лестер 0:1, Манчестер Сити – Барнли 2:2, КПР – Кристал Палас 0:0, Стоук – ВБА 2:0, Вест Хем – Арсенал 1:2 и Њукасл – Евертон 3:2.

Последниот натпревар од оваа рунда меѓу Ливерпул и Свонси ќе се игра утре со почеток во 21 часот.

Табела: Челзи 46 бодови, Манчестер Сити 43, Манчестер Јунајтед 36, Саутемптон 33, Арсенал 33, Вест Хем 31, Тотенхем 31, Свонси 28,…

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска