Нема прекин на Купот на конфедерации, одлучи ФИФА

Од:

И покрај големите протести кои го зафатија Бразил, Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) одлучи да не го прекине Купот на конфедерации што се одржува во оваа земја.

– ФИФА и Организацискиот комитет на натпреварувањето не разгледуваа можност за какво било прекинување, соопштува ФИФА.

Претходно неколку бразилски медиуми најавија можен прекин на Купот на конфедерации.

Изминативе неколку дена низ повеќе бразилски градови се случуваат масовни протести поради социјални проблеми, како што се високи даноци, инфлација, корупција, зголемени цени на јавните услуги, како и поради големите трошоци за подготовка на Светското фудбалско првенство 2014 и ЛОИ 2016 година кои се проценуваат на 25 милијарди долари.

На Купот на конфедерации вечерва се играат натпреварите од 3.коло во А група, Италија – Бразил и Јапонија – Мексико.

Би можело да ве интересира

Италија го освои третото место на Купот на конфедерации

Ана Ололовска

Завршни натпревари во Купот на конфедерации

Ана Ололовска

Переира: Време е да заврши шпанската ера

Ана Ололовска

Хернанес ја посакува Шпанија во финалето

Ана Ололовска

Бразил – Уругвај, во првото полуфинале на Купот на конфедерации

Ана Ололовска

Балотели го пропушта дуелот со Шпанија

Ана Ололовска