Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Нејмар одлучи да не го напушти клубот ова лето.
Според шпанскиот портал „АС“, 26-годишниот Бразилец е заинтересиран да работи со новиот тренер Томас Тухел.
ПСЖ, исто така, нема намера да го продаде играчот.
Во тековната сезона, Нејмар настапи на 36 натпревари и постигна 30 погодоци, забележа и три асистенции.