Новата голема ѕвезда на Пари Сен Жермен, Нејмар откри дека целта на францускиот првак е да го освои трофеј во Лигата на шампионите оваа сезона. Според Бразилецот, клубот е на ниво кое овозможува да се постигне оваа цел.
– Една од најважните причини зошто дојдов тука е дека сакам да му помогнам на клубот да пишува историја. Трофејот од Лигата на шампионите не е единствениот кој сакаме да го освоиме, но е многу важен. Овој клуб во моментов е на такво ниво. Верувам дека сме способни да се искачиме на тронот. Не само затоа што составот е многу квалитетен, но и затоа што е доволно искусен. Имаме многу играчи кои знаат како се освојува ЛШ, изјави Нејмар.
Од редовите на ПСЖ досега европски шампиони биле Дани Алвеш (три пати), Тиаго Мота (два пати) и Анхел ди Марија.
Нејмар го коментираше и неговиот рекорден трансфер што го чинеше ПСЖ 222 милиони евра и направи најскапиот фудбалер е историјата на фудбалот.
– Трансфер сумите немаат ништо заедничко со играчите. Се што ние сме заинтересирани, е да играме за клубови, кои ќе бидат одличен предизвик и каде можеме да имаме успеси. Сумата е бизнис меѓу двата клуба, играчите едноставно сакаат да се концентрираат на фудбалот , потенцира Нејмар.