Аргентина одигра само 0:0 со Перу ноќеска во Буенос Аирес и на едно коло пред крајот на квалификациите за Светското фудбалско првенство 2018 се најде на 6. место кое не носи ниту бараж.
Пласман на Мундијалот имаат обезбедено Бразил и Уругвај, а репрезентациите на Чиле, Колумбија, Перу, Аргентина и Парагвај ќе се борат за двете преостанати места кои директно водат на СП и за едно место (петтото) кое носи во баражот.
Табела: Бразил 38 бода, Уругвај 28, Чиле 26, Колумбија 26, Перу 25, Аргентина 25, Парагвај 24,…
Во последната рунда на 11 октомври играат:
Парагвај – Венецуела,
Бразил – Чиле,
Еквадор – Аргентина,
Перу – Колумбија и
Уругвај – Боливија.