НБА: Оклахома Сити сигурна и против Атланта

Од:

Кошаркарите на Оклахома Сити ја продолжуваат серијата победи откако ноќеска го совладаа тимот на Атланта. Најефикасен на натпреварот беше Кевин Дјурант со 41 поени, од кои 18 во последната четвртина. Расел Вестбрук пак од своите 27 поени 21 ги постигна во првото полувреме.

Оклахома Сити има серија од 12 победи и е на две помалку од рекордните 14 што ги имаше Феникс во сезоната 1995/96.

На ноќеска одиграните натпревари беа постигнати следниве резултати: Торонто – Детроит 97:91, Њујорк – Бруклин 100:86, Орландо – Вашингтон 90:83, Индијана – Јута 104:84, Бостон – Кливленд 103:91, Атланта – Оклахома Сити 92:100, Хјустон – Филаделфија 125:103, Феникс – Шарлот 121:104, Мемфис – Милвоки 90:80, Сакраменто – Голден Стејт 131:127 и Лос Анџелес Клиперс – Њу Орлеанс 93:77.

Вечерва се играат натпреварите: Минесота – Оклахома Сити, Далас – Мајами и Портланд – Денвер.

Пласман Источна конференција: Њујорк 19-6 (победи-порази), Мајами 16-6, Атланта 15-8, Чикаго 14-10,…

Пласман Западна конференција: Оклахома Сити 21-4, Лос Анџелес Клиперс 19-6, Мемфис 17-6, Сан Антонио 19-8, Голден Стејт 17-9,…

Би можело да ве интересира

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он

Тренерот на Минесота опериран – незивесно дали го пропушта стартот на серијата против Денвер

Предраг Петровиќ

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски