НБА-драфтот ќе биде целосно онлајн настан

Од:

Драфтот на НБА закажан за 18 ноември, ќе биде целосно онлјан настан, објавија НБА и ЕСПН телевизијата, која ги поседува телевизиските права.

Изборите во првиот круг ќе ги објави комесарот на лигата Адам Силвер, а неговиот заменик Марк Татум ќе го преземе вториот круг. Двајцата ќе бидат домаќини на настанот од студиото во Бристол, Конектикат, а играчите ќе бидат прикажани со видео врска од нивните домови.

Драфтот во Националната фудбалска лига (НФЛ) беше идентичен, но комесарот Роџер Гудел ги најави изборите од дома.

Минесота Тимбервулфс го има првиот избор во драфтот и локалните аналитичари ги сметаат бекот Ентони Едвардс, бек-шутерот Ламело Бол и на центарот Џејмс Вајсман како најверојатно први три пика.

Би можело да ве интересира

Адебајо ќе потпише рекорден договор во историјата на Мајами

Ана Ололовска

Казинс кариерата ќе ја продолжи во Хјустон

Ана Ололовска

Донован Мичел го продолжи договорот со Јута

Ана Ололовска

Канадските власти не ги пуштаат Репторс да играат во Торонто

Жарко Настоски

Хејворд ја одби опцијата за последната сезона во Бостон

Ландов

Рики Рубио по три години се врати во Минесота

Жарко Настоски