Без разлика дали нивните екипи победуваат или губат навивачите на репрезентациите кои што се дел од „групата на смртта“ на Европското првенство во кошарка што покрај Рига, Загреб и Монпеље се оддржува во Берлин уживаат во атмосферата.
Досега немаше ниту еден поголем инцидент иако домаќинот Германија загуби три натпревари а шпанската „фурија“ загуби од Србија и Италија што беше причина за нервоза меѓу навивачите.
Единствениот момент кој ја подигна тензијата беше вчера кога шпанскиот натурализиран Црногорец Миротиќ по поразот од Италија го скина српското знаме кое пред него го вееја српските навивачи кои го обвинуваат дека е предавник што примил шпански пасош и игра за Шпанија.
Освен тоа пред „Мерцедес бенц арена“ навивачите комуницираат меѓусебе без никакви проблеми. Најбројни се турските навивачи кои во најголем дел живеат во главниот град на Германија, а од оние што пристигнале специјално за турнирот од првенството што се игра во Берлин се Исланѓаните. Тие иако ја поддржуваат најслабата репрезентација се и најгласни.
Согласно германските закони во близина на салата каде што се играат натпреварите е забранета продажба на алкохол што е причина повеќе амтосферата да биде мирна и пријателска.