Навивачите на Ливерпул се жалата на високите цени на влезниците

Од:

Навивачите на Ливерпул се пожалија на постојаното зголемување на цените на влезниците на стадионот „Енфилд“ и побараа состанок со раководството на клубот.

– Цената на билетите е многу висока и како што гледаме клубот не е воопшто загрижен од негативните реакции, а уверени сме дека не планира да запре нагорниот тренд на сумата потребна да се издвои за да се присуству на натпревар на нашиот миленик. Поради тоа бараме средба со раководните лица, соопштија претставници на навивачите на премиерлигашот.

Раководството на Ливерпул го прифати барањето на навивачите и веќе е закажана првата средба за 11 декември.

Како реакција на зголемувањето на цената на влезниците навивачите на Ливерпул неодамна истакнаа знамиња на кои беше испишана цената на влезниците во 1990 година – четири фунти, 10 години подоцна – 24 фунти, а во 2010 достигнала 43 фунти. Тие се прашуваат колку ќе чини влезницата во 2020 година.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска