Навивачи на ПСЖ го попречија ноќниот одмор на фудбалерите на Реал

Од:

Навивачи на Пари Сен Жермен организираа немири изминатата ноќ пред хотелот во Париз каде се сместени фудбалерите на Реал Мадрид.

Околу педесетина фанови на францускиот клуб користеа петарди и други пиротехнички средства, како и гласно пеење навредливи песни во акцијата која имаше за цел да го наруши ноќниот одмор на европскиот првак.

Службата за безбедност им забрани на навивачите да влезат во хотелот. Утрото полицијата уапси две лица во врска со инцидент во близина на хотелот, кој се наоѓа веднаш до „Триумфалната Капија“.

Француската полиција ќе ги зајакне безбедносните мерки за време на патувањето на играчите на Реал со клупскиот автобус на вечерашното гостување кај ПСЖ во реванш осминафиналниот меч од Лигата на шампионите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Навивач упадна на терен и направи хаос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивачите ги изненадија Французите, им приредија добредојде и покрај поразот во финалето

А1он

ВИДЕО: Нереди во Франција и во Белгија, загина момче, стотина приведени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шоу на Мбапе и Жиру против Полска, Французите ја продолжуваат одбраната на титулата

Катерина Ѓуровски

Во Франција тврдат дека Зидан на лето ќе застане на чело на ПСЖ

Ана Ололовска

Гризман му даде поддршка на Умтити: Без него немаше да го освоиме СП, тој е примерен професионалец

Ана Ололовска