Навивачи на „Олимпијакос“ протестираа пред турската амбасада во Атина

Од:

Привразници на грчкиот клуб „Олимпијакос“ го искажаа своето незадоволство поради убиството на Марко Ивковиќ, член на навивачката група „Делии“, кое се случи пред почеток на натпреварот помеѓу Галатасарај и Црвена звезда во Истанбул.

marshGrcka

Токму од тие причини припадници на „Гејт 7“ како што се нарекуваат навивачите на „Олимпијакос“, излегоа на марш и протест пред турската амбасада во Атина, а носеа и транспаренти со името на убиениот навивач со порака дека „Солзите не познаваат бои“.

marshGrcka1

За потсетување по убиството на Марко Ивковиќ во Истанбул се појави информација дека овие две навивачки групи заедно ќе одат во градот на Босфор, кога грчкиот тим ќе гостува кај Галатасарај, за да го одмаздат убиството.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Поранешен европски шампион застрелан во ресторан во Белград

(ВИДЕО) Вучиќ: Јавете им, ви пропадна Шарената револуција, нема да ја победите Србија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ подготвува сендвичи за граѓаните: Се гледаме во Митровица во 17 часот

Предраг Петровиќ

Почна 15-часовната студентска блокада во центарот на Крагуевац

Сијарто: Санкциите за НИС не се проблем само за Србија, туку за цела Централна Европа, Унгарија е подготвена да помогне

Во Србија запленета голема количина на дрога