Натпреварот Јувентус – Наполи не се одигра, гостите не допатуваа поради коронавирус

Од:

Натпреварот од Серија А меѓу Јувентус и Наполи не се одигра, бидејќи гостите од Неапол не се појавија на теренот во Торино.

Бјанконерите пристигнаа на својата Арена, а Наполи не допатува во Торино, откако наполитанската здравствена служба го блокираше заминувањето на тимот поради избувнувањето на коронавирусот.

Раководството на Серија А излезе со став дека нема причина да се одложи средбата.

Така, веројатно е дека Наполи службено ќе загуби со 3:0. Клубот може да ја оспори оваа одлука на суд.

На 27 септември, наполитанците играа со Џенова (6:0), по што беа откриени 14 случаи на инфекција со коронавирус кај ривалот. Подоцна, играчите од средниот ред на Наполи, Пјотр Зиелински и македонскиот репрезентативец Елиф Елмаз беа позитивни на вирусот.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска