Во фудбалската Лига Европа, денеска на програмата се петнаесет натпревари од првата елиминациска рунда.
Двојките се:
Андерлехт – Олимпијакос,
Борусија Дортмунд – Порто,
Фиорентина – Тотенхем,
Митјиланд – Манчестер Јунајтед,
Севиља – Молде,
Сент Етиен – Базел,
Виљареал – Наполи,
Аугсбург – Ливерпул,
Галатасарај – Лацио,
Олимпик Марсеј – Атлетик Билбао,
Шахтјор Донецк – Шалке,
Сион – Брага,
Спарта Прага – Краснодар,
Спортинг – Баер Леверкузен и
Валенсија – Рапид Виена.
Термините за почеток се 19 часот и 21 часот и 5 минути.
На првиот дуел одигран во вторникот во Истанбул, екипата на Фенербахче славеше победа со 2:0 над Локомотив Москва.