Српскиот фудбалер Матија Настасиќ е блиску до трансфер во германскиот Бундеслигаш Шалке.
Како што пишува германскиот весник „Билд“ трансферот на српскиот репрезентативец би го сменил дресот на англискиот шампион Манчестер Сити со оној на германскиот Шалке и тоа за рекордна сума од 22 милиони евра.
Настасиќ сезонава многу малку добива шанса од тренерот Мануел Пелегрини, односно севкупно одигра само четири натпревари за „Граѓаните’’, а досега нема ниту еден настап во Премиер лигата.
Тоа е главната причина поради која 21-годишниот српски дефанзивец веќе на почетокот на јануари би можел да мине на „Фентинс арената“ во Гелзенкирхен.
Воедно тренерот на Шалке, Италијанецот Роберто Ди Матео, кој во 2012 година го донесе Настасиќ во редовите на Манчестер Сити е и главниот иницијатор за овој трансфер.