Настапот на Роналдо против Ирска под знак прашалник

Од:

Селекторот на португалската фудбалска репрезентација Пауло Бенто изјави дека се до последен момент нема да се знае дали Кристијано Роналдо ќе настапи на последниот подготвителен дуел за СП против Ирска закажан за 1 часот и 45 минути по  полноќ.

– Ќе оставиме времето да покаже дали и колку нашиот најдобар фудбалер е подготвен за натпревари. Нема ништо да ризикуваме и само максимално подготвен би го ставил во игра. Многу ни значи неговото присуство, но треба да разгледуваме варијанти и без него, изјави селекторот на Португалците.

Роналдо пред само три дена им се приклучи на своите колеги во подготовките. Тој поради повреда на коленото и бутниот мускул пропушти поголем дел од подготвителниот период.

Најголемата португалска фудбалска ѕвезда очекува до првиот дуел на Мундијалот на неговата репрезентација закажан за 16 јуни против Германија, да биде максимално подготвен за настап.

Би можело да ве интересира

Бонучи за можната пресметка со Португалија во баражот за СП: Роналдо знае дека ќе добие удари по нозете

Ана Ололовска

ФФМ доби 1.300 влезници за мундијалскиот бараж во Палермо

Ана Ололовска

Де Брујне не е против Мундијал на две години

Ана Ололовска

Повеќе од 12 европски тимови сакаат да ја напуштат ФИФА поради плановите за Светското првенство на две години

Ана Ололовска

Нордиските земји против двегодишен Мундијал во фудбал

Ана Ололовска

Албанците се извинија за инцидентите и ги обвинија Полјаците за провокации

А1он