Нашите ракометарки ќе играат во квалификациската група со Исланд, Литванија и Грција за СП 2021

Од:

Женската ракометна репрезентација на Македонија ќе игра во група 2 против репрезентациите на Исланд, Литванија и Грција во квалификациите за обезбедување на бараж натпревар за Светското Првенство кое ќе се одржи во период од 01 – 19 декември во Шпанија.

Термините на одигрување на натпреварите се од 27 до 29 ноември или од 4 до 6 декември. Ќе се формираат пет групи (две со по четири, три со по три селекции), а прво и второпласираните обезбедуваат место во баражот. Бараж натпреварите се закажани за 16 – 21 април 2021 година.

На СП 2021 веќе пласирани се репрезентациите на Шпанија и Холандија, а има уште 14 слободни места за репрезентации од Европа, севкупно на СП 2021 ќе учестуваат 32 репрезентации.

Би можело да ве интересира

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ