Наполи воопшто не е мртов, категоричен е Гатузо

Од:

Тимот на Наполи има остварено само една победа на нивните последни десет натпревари во Серија „А“, но тренерот Џенаро Гатузо е оптимист. По поразот од 1:3 од Интер во последното коло, тимот останува на 11 бода од четвртото место.

– Ако видов мртов тим, тогаш ќе излезев и ќе ви кажев. Напротив, забележувам голема желба кај играчите, но ни треба долга успешна серија за да скокнеме во пласманот. Овој клуб не заслужува да бидеме на оваа позиција (осми) затоа што имаме одлични играчи. Тие треба да влезат во најдобра форма и да им гарантираме спокојство, вели популарниот Рино.

Сепак, следниот ривал на „неаполитанците“ е крајно непријатен – Лацио, кој е во најсилна форма од сите во првенството.

– Мора да играме како целина и да правиме помалку грешки. На натпреварите против Парма и Интер ми се чинеше дека видов две различни екипи. Треба да започнеме со подобрување на нашата физичка подготвеност и да играме онака како што би сакал, додаде менторот.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска