Наполи во Дамиао гледа замена за Кавани

Од:

Челниците на калчолигашот Наполи се заинтересирани на „Сан Паоло“ во Непол да го донесат брзилскиот интернационалец Леонардо Дамиао. Тие во овој играч гледаат замена за Едисон Кавани кој има големи шанси да го напушти Наполи и да се пресели во Англија или Шпанија.

Понудата на Наполи за Дамиао е 15 милиони евра, а со оглед на вредноста на Кавани која изнесува околу 60 милиони „наполитанците“ очекуваат од овие трансфери да остварат заработка од преку 30 милиони евра.

23-годишниот Дамиао е актуелен играч на Интернационал во бразилското фудбалско првенство и неговата вредност се проценува на 20 милиони евра, но поради слабите настапи во последно време можно е понудата на Наполи да биде доволна за негово доаѓање во Серија А.

Дамиао има шест настапи за младата бразилска репрезентација и постигнато шест голови, како и 14 настапи за сениорската селекција и два постигнати погодоци.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска