Наполи со понуда до Кулибали, бидејќи никој не сака да плати

Од:

Наполи и Калиду Кулибали преговараат за продолжување на договорот на играчот, откако ниту еден клуб не може да ги плати бараните пари за него, информира „Кориере дело Спорт“.

Долго време, претседателот на клубот Аурелио Де Лаурентис тврдеше дека нема да го ослободи дефанзивецот за помалку од 100 милиони евра. По избувнувањето на пандемијата на коронавирус, се зборуваше за намалување на бараната сума – 75-80 милиони евра, но сепак никој не дава.

Најновите информации велат дека Манчестер Сити понудил околу 75 милиони евра, но се чини дека тоа не е доволно за Де Лаурентис. Манчестер Јунајтед и Ливерпул се останатите клубови што се заинтересирани за Кулибали.

Тековниот договор на Сенегалецот со Наполи е до јуни 2023 година, што им отежнува на кандидатите за него.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска