Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го израмни рекордот за најбрз гол во Лига Европа во вечерашниот пораз на Наполи на домашен терен од московски Спартак со 3-2 (0-1) во рамки на 2. коло во групата Ц.
Елмас го доведе Наполи во водство веќе во 11 секунда, пред Спартак да го искористи исклучувањето на Марио Руи во 30. минута и со головите на Квинси Промес (55, 90) и Микаил Игнатов (81) да дојде до целосен резултатски пресврт. Конечниот резултат го постави Виктор Осимен во судиското продолжение.
Македонскиот репрезентативец го израмни рекордот што во 2016 година го постави Јан Сикора, кој поспостигна гол по 10.69 секунди на мечот меѓу Карабах и Либерец (2-2).