Наполи ќе му понуди нов договор на Спалети

Од:

Италијанскиот калчолигаш Наполи сака да го задржи тренерот Лучијано Спалети, кој одлично го предводи тимот оваа сезона. Претседателот Аурелио де Лаурентис е подготвен да ја продолжи соработката со него за подолг период. Тој е одушевен од работата на 63-годишниот стратег.

Актуелниот договор на Спалети има важност до крајот на сезоната, но има и клаузула за автоматско продолжување на уште една година, која се чини дека ќе биде активирана.

Спалети дојде во Наполи на местото на Џенаро Гатузо и се снајде одлично. Во првата сезона под негово водство тимот се претстави одлично и беше во борба за шампионската титула иако на крајот заврши на третото место во Серија А. Оваа сезона се наметнува како главен фаворит за скудето“.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Бизарна причина го кочи големиот трансфер

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Елмас со Наполи стана шампион на Италија

Катерина Ѓуровски

Распадори донесе радост, Елмас и Наполи на врвот во Серија А

Можниот трансфер на Роналдо во Наполи зависи од Антони!

Елмас и Наполи на стартот против Ливерпул, ПСЖ го чека Јуве, Баерн му гостува на Интер

Синот на Чоло Симеоне се сели во Наполи