Наполи не го искористи киксот на Јувентус

Од:
Второпласираниот на табелата во Серија А, тимот на Наполи не успеа да ја победи Сампдорија и да го искористи поразот на Јувентус за да му се доближи на само два бода. Попладнево на „Сан Паоло“ во Неапол, Наполи и Сампдорија одиграа без победник 0:0.
По ваквиот исход, тимот за кој денска Горан Пандев ги одигра последните 35 минути, зостанува на табелата зад Јувентус за четири бодови.
На другите денешни натпревари од 25.коло во Италијанското фудбалско првенство постигнати се следниве резултати: Катанија – Болоња 1:0,  Пескара – Каљари 0:2, Торино – Атланта 2:1, Џенова – Удинезе 1:0.
Вечерва играат Фиорентина – Интер.
Вчера: Рома – Јувентус 1:0 и Киево – Палермо 1:1.
Во петокот Милан – Парма 2:1.
Колото ќе биде зокружено утре со средбата Сиена – Лацио.
Табела: Јувентус 55 бодови, Наполи 51, Лацио 44, Милан 44, Интер 43, Фиорентина 39,…

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска