Поразот на водечкиот Јувентус во 14. коло од италијанската Серија А, го искористи Наполи кој победи на гостувањето кај Каљари со 1:0 и се искачи на второто место на табелата доближувајќи му се на лидерот на само два бода разлика.
Трите бода Наполи ги освои со голот на Марек Хмшик постигнат во 73.та минута. Поради повреда во составот на Валтер Мацари го немаше македонскиот репрезентативец Горан Пандев.
За разлика од „наполитанците“ Интер синоќа загуби од Парма со 1:0 и падна на четвртата позиција на табелата. Победничкиот гол на „Енио Тардини“ во Парма за домаќините го постигна Никола Сансоне во 75.та минута.
На другите натпревари од оваа рунда во Серија А кои се одиграа викендот постигнати се следниве резултати:
Парма – Катанија 3:1, Аталанта – Џенова 0:1, Киево – Сиена 0:0, Пескара – Рома 0:1, Сампдорија – Болоња 1:0, Торино – Фиорентина 2:2 и Милан – Јувентус 1:0.
14-то коло ќе биде комплетирано вечерва со средбата Лацио – Удинезе.
Табела: Јувентус 32 бодови, Наполи 30, Фиорентина 28, Интер 28, Рома 23, Лацио 23, Парма 20, Катанија 19,.